Теткички

Лана Грпчевски

6 години, од Скопје

Хороскопски знак: Скорпија

Омилен предмет во училиште: Математика

Омилена песна од Дајте музика: „Нема чип да ме смени“, а пред огледало секој ден ја пее „Јас имам некој“ – Слаткаристика.

Позната изрека во серијалот: „Не го давам за жива глава!“ (моливчето со пердувче – Наташа)

Што сака да биде кога ќе порасне: Забарка. Спортот ѝ лежи, а уметноста ја исполнува.

Како го поминува слободното време: Ужива во возење велосипед и ролерки, другарување и обожава да учи текстови за глума, а омилена писателка и е Хариет Мункастер (Исидора Мун).

Mилениче: Денот не може да помине без бакнеж од жолтиот папагал Папа.

Омилено јадење: Боранијата на баба 🙂

Срна Зафировиќ

6 години, од Скопје

Хороскопски знак: Рак

Омилен предмет во училиште: Математика и природни науки.

Омилена песна од Дајте музика: Денот почнува и завршува со музичките теми од серијалот – „Опасно е досадно“, „Наташа од шесто 1“, и задолжително химната на „Дајте музика“. 

Омилена изрека од серијалот: „Децата треба да си се деца! Да трчаат, да скокаат и да играат.“

Што сака да биде кога ќе порасне: Срна многу ги сака животните, и затоа единствена желба во моментов ѝ е една необична професија – грумер, сака да ги разубавува 
милениците. Посериозен план засега нема.

Како го поминува слободното време: Омилено место ѝ се коњичките клубови во 
градот и околината. Ги има посетено сите. Секој слободен викенд е кај коњите, ги гали, 
им дава шеќерчиња и ужива да ги јава.

Кој е нејзиниот талент: Сака да пее, да танцува, да глуми, да црта.

Милениче: Има милениче, куче од расата бостон териер, се вика Фара. Тие се 
неразделни другарки, и Срна никаде не оди без Фара.

Омилено јадење: Макароните на баба и лазањите на мама.

Калина Караташова

10 години, од Скопје

Хороскопски знак: Скорпија

Омилен предмет во училиште: 
Математика

Омилена песна од Дајте музика: 
Омилена песна ѝ е „Јутјубери“ од омилената Анастасија.

Позната изрека од серијалот: 
„Јас верувам дека секое дете може да се промени, а промената доаѓа од секого од нас.“

Најинтересен момент од снимањето: На една сцена од тетките, мете со метла, ја кажува последната реплика од сцената, ја пушта метлата да падне и сите си заминуваат.

Што сака да биде кога ќе порасне: 
Калина е многу креативна. Покрај глумата, ја интересира и цртањето, правењето на разни изработки од секакви материјали, танцувањето. Што и да биде, секако ќе биде поврзано со уметноста.

Како го поминува слободното време: 
Ја слуша својата омилена модерна музика, танцува, црта, чита, смислува разни креативни игри со својот брат, едноставно никогаш не и е досадно.



Кој е нејзиниот талент:
Глума, цртање.

Нејзиното мото е: „Јас можам се!“

Милениче: Има голема желба да има куче за да го шета, да си игра со него, да го храни, да го гали…

Омилено јадење: Нудли и шопска салата (задолжително со кромид).

Миа Ефремовски

6 години, од Скопје

Хороскопски знак: 
Јарец

Омилен предмет во училиште: 
Природни науки и ликовно.

Омилена песна од Дајте Музика: „Јутјубери“ и „Љубомора“. Си ги слушам по неколку пати на ден.

Позната изрека во серијалот: 
„Абе на денешниве деца интересите им траат толку, 5 минути!”

Што сака да биде кога ќе порасне: Како помала, кога ќе ја прашаа Миа што сака да биде кога ќе порасне, одговорот секогаш беше пеперутка. Како започна да ги осознава работите комплетно се заљуби во актерството и секоја нова задача и предизвик ги пречекува со огромен ентузијазам. Има желба и се надева дека актерството ќе биде дел од нејзиниот живот и во иднина. Исто така е голем љубител на музиката, ликовната уметност и спортот.

Како го поминува слободното време: Многу сака да другарува и да запознава нови личности во животот. Ужива во секој миг поминат со другарчињата. Честопати знае да се занесе во цртањето, изработување колажи и моделирање со пластелин. Многу е радознала и во секој момент има илјадници прашања, со кои не се двоуми да те нападне. Ужива да гледа серијали и филмови од кои омилени и се „Серија од несреќни настани“ и „Хари Потер“. Пред спиење сака да и се прочита некоја приказна или книга.

Кој е нејзиниот талент: Покрај глумата, ужива во пеењето и многу сака да спортува.

Милениче: Арон. Далматинец со кој уживаше да се гали, да се бори, па дури и да го јавне кога беше помалечка.

Омилено јадење: Пржени компирчиња, ориз и спанаќ.

Ива Ушковска

5 години, од Скопје

Хороскопски знак: Јарец

Омилена песна од Дајте музика: „Нема чип да ме смени“ и „Макс Мастермајнд“.

Позната изрека од серијалот: „Абе на денешниве деца интересите им траат толку, 5 минути!“

Што сака да биде кога ке порасне: 
Сакам да студирам на Оксфорд, но уште не сум одлучила дали ќе бидам архитект или актерка.

Како го поминува слободното време: Сакам да гледам Хари Потер, да пешачам на Водно со татко ми и другарчињата, да играм игри со братучед ми и највеќе сакам да се разубавувам правејќи маски за лице. Пред спиење сакам мајка ми да ми чита Хари Потер. Сакам да патувам и едвај чекам да помине короната да можам да одам на море, во Дизниленд и во градот на модата Милано.

Омилена храна: Шпагети и морска храна.

Како поминалa на снимањето: Супер дружење со другарчињата. Неописливо е чуството дека носиш микрофон, знаеш дека веќе си дел од Дајте музика. Малце смешно, ама за мене најважно дека нема да згрешам кога знам дека Весна некаде се крие позади сцена и ќе ми помогне кога треба.