Старо Маалци

Иринеј Ковчиќ

8 години

Хороскопски знак: Вага

Омилен предмет во училиште: 
Сите ми се подеднакво интересни, затоа што во секој предмет има игра.
На пр. математика и решавањето задачи е игра, кога собирам, одземам и добивам резултат. Јас секоја обврска ја претворам во игра, така и полесно ги завршувам обврските 🙂

Омилена песна во Дајте музика: 
Најмногу ја сакам песната од Тео – „Нема чип да ме смени“, затоа што е раперска 🙂

Позната изрека во серијалот: „
Малото не го даваме!!
Затоа што таму ми се другарите и игрите.“Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш: 
Се разбира – актер 🙂

Како го поминуваш слободното време: 
Најчесто одам во скејт парк со мојот extreme тротинет и ги слушам песните на Drake. Морам да ви кажам за љубовта кон коњите која ја наследив од вујко ми, прв пат се качив на коњ кога имав само 4 години, мојот коњ се викаше Карчи ❤ Го обожавам јавањето.

Миленик: 
Мојот миленик се вика Кремче, тоа е нашето маалско куче од расата Вучјак кој секогаш трча по мене и моите другари додека возиме велосипеди низ населба каде што живеам.
Исто така ми е и сосед, има куќарка под нашата зграда 🙂

Омилено јадење: 
Псст да не слушне мајка ми: ХАМБУРГЕР – се надевам нема да ми се лути Тео 🙂

Војдан Видоески

9 години, од Скопје

Хороскопски знак: Вага

Омилена реплика од Дајте музика: Видете ги! Како дедовци си подаваат со баскетот.

Омилена песна од Дајте музика: „Црни, жолти, бели„ и „Има ли некој“

Омилено милениче: Своето куче Пипо кое го вдомил од училишниот двор и секако неговиот црн мачор Локи. Го обожава сите животни

Омилен предмет во училиште: Германски јазик

Талентиран сум за: Свирење виолина. Пред две години го маѓепсал звукот на виолината и затоа се запишал во нижото музичко училиште „Илија Николовски Луј„. Исто така Војдан е одличен пејач. Но може да се каже дека е и мастер за Лего коцки.

Што прави во слободно време: Прави најразлични форми од Лего коцки, одлично црта и секако се дружи со неговите најдобри другари.

Што сака да биде кога ќе порасне: Бидејќи ги обожава мистериите од древниот Египед, сака да стане египтолог. Можеби ќе успее да открие некоја нова гробница од некој познат фараон.

Стефан Пренџов

10 год., од Скопје

Хороскопски знак: Скорпија

Омилена реплика од Дајте музика: „Мораме да смислиме некоја тактика, инаку го обравме бостанот“.

Омилена песна од Дајте музика: „Наташа од VI1“, „Маалото не го даваме“ и „Екологија“.

Омилено милениче: Нема свое, но си игра со сите што му се мили, ги храни маалските кучиња и мачиња, а би сакал да чува Златен ретривер и рипче.

Омилен предмет: македонски јазик и природни науки. 

Талентиран сум за: Тој се смета себеси за талентиран во ракомет и фудбал, а во Дајте музика откри дека има талент за актерство, па и за танц и музика (би сакал да чука на тапани).

Што прави во слободно време: Игра со другарите на маало и на спортските терени во близина, вози велосипед на кеј и на Водно, сака авантури на планина и во шума, тренира ракомет 5-6 години, среќен е кога е на часови по актерска игра, љубител е на читање книги (сака авантуристички и со доза на хумор), ги сака часовите по програмирање, обожува смешни филмови и серии, си игра и се смее со сестра му, слуша музика и пее песни (рапува и бит-боксува).

Што сака да биде кога ќе порасне: Има многу желби, но во последно време се мисли околу машински инженер, ракометар и актер.

Омилено јадење: Сѐ што е луто, особено кинеска храна, риба и печени макарони.

Бела Стефанова

Хороскопски знак: Рак

8 години, од Скопје

Омилен предмет во училиште: македонски јазик

Што сака да биде кога ќе порасне: актерка, актерка и само актерка 😊

Како го поминува слободното време: другарување во Градски парк, возење ролерки и велосипед, танцување на музиката од нејзините омилени изведувачи: Џејсон Деруло, Дуа Липа, Били Ајлиш, Ава Макс, Шон Мендез…

Милениче: Нема, но сонува да чува мал бишон.

Омилено јадење: Шпагети болоњезе и пица капричиоза.

Со учеството на снимањето на Дајте музика ѝ се оствари најголемата желба на Бела – да биде дел од ова фантастично детско шоу и да биде дел од одлична екипа на актери. Искуствoто што го стекна во тие 5 недели снимање беше непроценливо, како од актерска перспектива така и од аспект на дружење, забава, запознавање на нови пријатели… Иако беше доста напорно, сепак преовладуваше чувството на среќа, задоволство и исполнетост на крајот на денот од снимањето.

Посебно е задоволството кога веќе ја препознаваат на улица како дел од екипата на Дајте музика, и од честитките и пофалните зборови што ги добива од нејзините другарчиња.

Со нетрпение очекува да започне снимањето и на третата сезона, со надеж дека повторно ќе биде дел од најјаката екипа на сетот. 😊

Калина Бошковска

7 години, од Скопје

Омилен предмет во училиште: Македонски јазик, математика

Омилена песна од Дајте музика: „Јутубери“ во изведба на Анастасија Наташа.

Позната изрека во серијалот: Ако сам не се избориш за себе, ништо не правиш.

Што сака да биде кога ќе порасне: Калина кога ке порасне сака да се занимава со уметноста, да го наследи актерството на нејзинот учител до успехот – Весна Петрушевска.

Најголема желба: Најголема желба да успее во актерството, да стане голема ѕвезда, да снима уште многу многу епизоди на Дајте музика, да снима филм со сите ликови од Дајте музика.

Кој е нејзинот талент: Нејзиниот талент е глумата. Има скриен талент за пеење и играње Хип Хоп.

Милениче: Омилено милениче и нејзиното маче Бени и шарпланичето кај дедо.

Омилено јадење: Омилено јадење ѝ е само овошје и сладолед. Да може, само тоа ќе го јаде за сите оброци.

 

Неда Станковска

9 години, од Скопје

Хороскопски знак: Вага

Омилен предмет во училиште: македонски јазик и ликовно

Омилена песна од Дајте музика: „Маалото не го даваме“

Позната изрека во серијалот: „Да си уживаме во 
детството, игрите, забавата, во 
училиштето, затоа што ова време 
никогаш нема да се врати.“

Што сака да биде кога ќе порасне: Нејзината идна професија мора да биде поврзана со уметноста и естетиката, а воедно да придонесува и помага на оние на кои им е потребна помош.

Како го поминува слободното време: Ужива додека танцува и многу сака да слуша убава музика. Од класичната музика се воодушевува на композициите од балетската претстава „Лебедово езеро“, а од „фамилијарната“ музика на Pink Floyd, Queen, Bob Marley, EKV… 
Не пропушта прилика за дружба со другарките како и за престој во природа. Сака планинарење и собирање на разни плодови од природата.

Милениче: Неда многу ги сака животните. Обожава да го милува и да му зборува на своето маче Марко. Секое утро тој трпеливо ја чека пред собата за да ја поздрави и веднаш со предење да почне да ѝ се плетка во нозете. Повремено, ги набљудува аквариумските рипки и растенија и се договараат со татко ѝ, околу уредувањето на аквариумот. 
Воедно, секогаш се радува на средбите со Мила, Раф, Лина и Зои – кучињата на баба и тетките.

Омилено јадење: Неда е гурман и ужива во храната. Најмногу сака разни салати од зеленчук, макарони, палачинки со сирење, палачинки со еурокрем, а од грицки обожава чипс и лешници. Со било која храна и во секое време е расположена за лимонада без шеќер.