Ирвас во реалниот и во детскиот свет

ИРВАСОТ КАКО ЛИК ВО РЕАЛНИОТ И ВО СВЕТОТ НА ДЕТСКАТА ИМАГИНАЦИЈА

Нивната култна важност за целокупниот животински свет, е единствено засенета кога е во прашање нивната главна улога во детскиот свет. Познати како главни помошници на Дедо Мраз, приказните за нив со векови буквално го обиколуваат светот за време на претпразничниот период. Потеклото, способностите и брзината на „летање“ на надалеку прочуениот ИРВАС, отвораат многу дилеми во детските глави, кои го персонифицираат овој лик до степен на градење пријателски врски во имагинацијата на најмалите.
Ирвасот најчесто живее во тундра – рамнински појас во поларните краеви со каде речиси и не вирее растителен свет. Ирвасите имаат неверојатно прилагодливи способности кон надворешната температура, па така нивниот нос го загрева воздухот што го дишат, пред истиот да стигне до белите дробови. Ирвасите имаат двослојно крзно, што ги прави двојно поотпорни на екстремно ниските температури во кои егзистираат. Немаат изострени сетила за вид и слух, па затоа најчесто се потпираат на исклучително развиеното сетило за мирис. Ирвасите учат да одат уште во првите 90 минути од раѓањето, па така дури и новороденото бебе-ирвас веќе знае да трча. Некои видови северно-американски ирваси поминуваат и над 5.000 киломерти годишно, односно околу четириесетина километри на дневно ниво. Просечната брзина на ирвасот е проценета на 60-80 km/h. Колку и да звучи неверојатно, ирвасите се вегетаријанци и нивната исхрана во главно вклучува лишаи, габи и лисја.

КОЈ Е НАЈПОЗНАТИОТ ИРВАС НА СВЕТОТ?

Најпознатиот ирвас на светот, Рудолф, всушност се појавува во приканзата на Дедо Мраз цел еден век после неговите 8 летечки претходници. Популарниот ирвас со црвен нос е креација на Роберт Меј, своевремено вработен во книжарницата „Монтгомери Вард“ во Њујорк, чија првична цел била да ја зголеми продажбата во предбожиќниот период.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Емпатија

БЕЗ ЕМПАТИЈА НЕМА ЗДРАВИ ВРСКИ И ИСПОЛНЕТ СОЦИЈАЛЕН ЖИВОТ Колку пати сме рекле или сме слушнале