Дигитализираното детство на дело: Таблет наместо книга, YouTube наместо тропалка!

Дигиталната револуција чии „манири“ најдоа зачестена примена дури и во практичниот свет на децата, сè почесто резултира со алармантна статистика во делот на вообичаените детски рутини. Моќта на екранизираните содржини оди дотаму што истите прераснуваат во супститут на приказните испишани на опипливо парче хартија. И додека значењето на поимот ‘книга’ избледува до степен на опасност да прерасне во архаично, детските педагози и психолози будно ги следат промените во развојот кај децата, кои се јавуваат како резултат на новите трендови. Како правилно да се лимитира употребата на дигитални уреди кај најмладите корисници? Дали апстиненцијата од виртуелните содржини е поопасна од самата зависност која ја генерираат? И конечно, постои ли формула чиј краен резултат ќе ги реши зачестените дилеми на родителите по овие прашања? Во потрага по стручни одговори, консултиравме релевантни научни истражувања, индикативни студии на случај, експерти кои низ секојдневна пракса се соочуваат со искуства во овој дел, но побаравме став и од неколкумина родители, кои од прва рака ги доловуваат стравовите, но и придобивките од дигиталната експанзија.             Според најновото истражување на британскиот онлајн-весник „Independent“, рапидно расте консумацијата на дигитални содржини кај детската популација,особено на возраст од 7 до 11 години, додека ‘хард-копи’ читањето бележи надолна линија. Теренските анализи и анкети во рамки на истото истражување покажуваат видни промени во интеракцијата дете-родител, во случаите каде децата се под поголемо влијание на екранизирани содржини. Традиционалното читање книга за добра ноќ, ја зацврстува конекцијата помеѓу двете страни, затоплувајќи го меѓусебниот однос. Кога детето чита (или му читаат) од книга, има повеќе простор да ги изрази своите чувства и емоции и на глас да го интерпретира личното доживување од прочитаното. Додека пак мултимедијалните дигитални содржини пропратени со визуелни и звучни анимации, најчесто го претвораат детето во нем набљудувач, стеснувајќи го просторот за истото креативно да се изрази.

„Допирот како сетило е важен при изучување на светот кој нè опкружува. Електронските уреди ја намалуваат можноста на децата да го користат тоа како важно сетило во својот пат научење и созревање. Допирот со пишаната книга го поддржува тој процес кој е надопонет и сомирис и со можност за непосреден контакт. Детето само и многу поедноставно ќе си ја одреди динамиката на процесо тна читање, па ќе се наврати страна наназад или ќе прескокне за да види што ќе се случи… Овој начин на дружење со книгата нуди дополнително ангажирање на повеќе поддржувачи на развојот и важно е да родителот биде свесен и да го поттикнува своето дете на оваа активност. Во таа намера е важно да биде внимателен да не му ги одзема целосно електронските уреди и да предизвика отпор и спротивен ефект кај детето. Значајно е да се направи баланс и да се одвојат како различни начини и активности, читањето книга и гледањето екранизирана книга“, вели м-р Марија Стојкоска Василевска од Одделот за психологија и психотерапија при приватната болница „Ремедика“. Ако внимателно се анализира големата слика, на виделина излегуваат и многу позитивни ефекти од достапноста на технологијата до детските раце. Имено, преку следење едукативни содржини, децата полесно ги совладуваат јазичните бариери, сфаќајќи ја полесно поентата на содржината со помош на разни анимации и филмувани контенти. Освен лингвистички придобивки, одредени апликации им помагаат на децата подолго време да останат фокусирани и да го задржат вниманието на одредена активност. За одблизу да ги доловиме секојдневните искуства и ставови околу дилемата дали користењето дигитални уреди од страна на децата е оправдано и во која мера истото треба дасепрактикува, побаравме размислување и од неколку родители. Имајќи предвид дека денес децата од најрана возраст имаат допир со телефони, таблети и компјутери, па неретко на јавно место сме сведоци на ситуации кога дури и при обид да се смири бебешки плач, наместо по тропалка во торбата, родителот посегнува кон „YouTube“, побаравме мислење и за ваквата пракса.

Мајката на две-годишната Миа вели дека максимално се труди да го држи телефонот подалеку од детето, но гледањето цртани филмови на детските телевизиски канали, им е редовна пракса, и тоа неколку пати во денот.

„Морам да признаам дека меѓу омилените активности на Миа, е дефинитивно гледањето телевизија. Ужива во содржините наменети за деца, кои во нашиот случај будат интеракција од другата страна. Но, за сметка на тоа, уште при изборот на првите играчки, меѓу нив се најдоа гумирани сликовници, за детето од најрана возраст да го визуелизира процесот на читање. Сега веќе имаме и музички сликовници, преку кои почнуваме да ги совладуваме боите, птиците, животните…“, објаснува 30-годишната мајка.

Експертите од оваа област тврдат дека е добро децата уште во најрана возраст да дојдат во допир со книга/сликовница. Ако ништо друго, велат, барем ќе научат да ги вртат страниците, кога веќе инстинктивно по секоја рамна површина посегнуваат со прстето со намера да „свртат нов слајд“.

Во подоцнежни години, дигиталните трендови се сè поизразени, особено имајќи предвид дека децата во училишна возраст веќе учат и едни од други, споделуваат искуства и бараат разни начини да се истакнат во средината. На прашањето „Колку Вашето дете во текот на денот ‘си игра’ со некаков дигитален уред (телефон, таблет, лаптоп)“, мајката на 7-годишната Кала вели дека време за такви активности одвојуваат секој ден, но само откако ќе се завршат училишните и останатитеобврски.

„Тоа значи, може да го земе таблетот доколку се завршени сите останати обврски предвидени за тој ден. Кала најмногу ги гледа т.н.‘craſt’ содржини,односноупатства како нешто да се направи рачно, на лесен и инвентивен начин“.

Придобивките од „дигитализираното детство“, овој родител ги гледа во паметно користење на паметните уреди, од страна на како што вели, децата на21-от век. Негативните последици, пак ги лоцира во неправилниот развој на социјални и комуникациски вештини, во ограничениот фонд на зборови и нестекнувањето лично искуство за реално соочување со проблемите.

„Проблемот не е до децата, туку до родителите. Најлесно е така, дај му нешто во рака да се занимава, во недостаток на време и нерви потрошени на небитни работи, на сметка нанајбитното. Родителите сè поретко имаат време да разговараат со децата, да им читаат, да ги носат во театар, на кино, на изложба. Да отидат во книжара и заедно да изберат книга, па навечер да создадат ритуал на читање пред заспивање. На Кала ú читам навечер уште од првиот ден по раѓањето. И тоа одигра една од најважните улоги ни зразвојот на детето“, вели 37-годишната мајка. Стручните истражувачи на оваа област, по ова комплексно прашање се едногласни во делот дека секоја активност која има влијание на детскиот развој, треба да биде во лимитирани количини. И придобивките и негативните страни од „дигитализираното слободно време“, велат, се бројни, особено ако се направи подробна анализа низ сите можни перспективи, како:развојни, образовни, литературнии технолошки последици. Затоа, потенцираат дека тајна формула не постои, но сепак механизмот за правилен детски развој е во избалансираната примена на активностите кои современиот животен стил ги става на располагање.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Емпатија

БЕЗ ЕМПАТИЈА НЕМА ЗДРАВИ ВРСКИ И ИСПОЛНЕТ СОЦИЈАЛЕН ЖИВОТ Колку пати сме рекле или сме слушнале